ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И комерцијалните, и бесплатните вакцини против сезонски грип се достапни во Прилеп

563

Центарот за јавно здравје Прилеп од денеска започна со вакцинацијата на комерцијалните дози за заштита од сезонски грип. Првиот ден биле аплицирани 100 тина вакцини, интересот годинава е голем, вели Драгица Николоска, директор на Центарот.

„Набавени се вкупно 800 вакцини наменети за комерцијална употреба без претходно закажување на термин преку лекар, кои поединечно се наплаќаат по 800 денари. Вакцинацијата оди брзо, се обавува на 5 минути временско растојание во истите простории како и секоја година, на првиот спрат од Центарот “, рече во телефонски разговор Николоска.

Вакцинацијата против сезонскиот грип не е задолжителна, но препорачлива за хронично болни и возрасни пациенти, иако можат да ја примат и деца. Ова е трета година како се применува бесплатната вакцина против сезонски грип, а прва, од како, бесплатните вакцини против сезонски грип, поради пандемијата, се применуваат во Здравствениот дом Прилеп.  

Како што информираше денеска на социјалната мрежа Фејсбук Оливера Аџиоска, директор на Здравствен дом Прилеп, обезбедени се дополнителни 1 100 вакцини бесплатни вакцини, кои пак  се применуваат со закажување на термини преку матичен лекар.

„ Нови 1 100 вакцини против сезонски грип за нашите граѓани штотуку пристигнаа во Здравствениот дом. Истите како и досега, од утре преку термин од матичен лекар ќе се аплицираат секој ден од 14 до 20 часот, во истиот пункт како и досега“, информираше Аџиоска.

Со овие вакцини опфатени се хроничните болни, здравствените работници, бремените жени, децата од шест месеци до 5 години и пензионерите над 65 години. Граѓаните кои биле Ковид позитивни, ќе може да примат вакцина после 1 месец по оздравувањето од корона вирусот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: