9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

Католиците и дел од православните верници го слават Бадник

Според Грегоријанскиот календар денеска, 24 ти декември, католичките верници и дел од православните христијани го слават Бадник, празникот во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос.

Во Македонија, централната прослава по повод празникот се одржа денеска во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар Божик го слават утре.

Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Грегоријанскиот или „нов‟ календар е наречен по папата Гргур 13, кој го вовел со папска була во 1582 година. Тој календар веднаш го прифатиле Италија, Полска, Португалија и Шпанија, а набрзо и останатите католички земји.

Протестантските земји го прифатиле Грегоријанскиот календар многу подоцна, а православните дури во 20 век. Меѓутоа, Јулијанскиот календар кој го вовел Јулије Цезар во 46 година пред новата ера и кој од Грегоријанскиот се разликува за 13 дена, и денес го користат некои национални православни цркви, меѓу кои се српската, црногорската и македонската.

Би можело да ве интересира

Прилепскиот музеј и театар сега пристапни и за лицата со попреченост

Елизабета Филипоска

Среќна Нова 2021

Елизабета Филипоска

Семејството на 43 годишниот прилепчанец кој е на респиратор, моли за финасиска помош за болничките сметки

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе