16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

КОВИД 19 влијаеше и врз судството

Здравствената криза, не доаѓањето на странките на рочиштата, и недостигот од судии се причините поради кои дел од предметите во Основниот суд Прилеп не се решени. Од вкупно 700, од кои 300 во граѓанска и 400 во кривична постапка од почетокот на годинава, 243 предмети се нерешени и се стари над 2 години. „ Основниот суд од општа надлежност Прилеп има потреба од доекипирање, недостигаат 4 судии“ , посочи претседателот на Основниот судот Прилеп, Зоран Стеваноски. Основниот суд од општа надлежност Прилеп по опфатот на работа спаѓа меѓу поголемите во земјава, со делокруг на три општини: Прилеп, Долнени и Кривогаштани и ја обавува дејноста со 14 судии од кои 7 се во кривичниот оддел, 6 во граѓанскиот и претседателот на судот.

„Објективно ни недостигаат судии, посебно во кривичниот, прекршочниот оддел, граѓанскиот оддел го опслужуваме. Но, тоа не зависи од нас, тоа е на централно ниво, за што одлучува Судскиот совет. Треба да бидеме околу 18 / 19 судии. Остваруваме норма, иако е забележана појава на мала неажурност, со оглед на ситуацијата, отсуството на странките во текот на постапките. Меѓутоа морам да назначам дека има отсуство и од вработените. Во континуитет, 10 до 15 вработени, варира таа бројка од кога е почната корона ситуацијата, што се одразува врз работата на судот. Тие се причините поради кои не го совладуваме приливот на предмети, но најголема пречка е отсуството на странките поради стравот од сегашната ситуација„- вели Претседателот на Оснвниот суд -Прилеп, Зоран Стеваноски.

За деветте месеци од годинава, во Основниот суд Прилеп се нерешени 300 предмети од граѓанското право, додека во кривичното се 400 каде постапката е подолгорајна и покомплицирана. Инаку, прилепскиот суд важел за еден од поквалитетните и поажурни судови во земјата.
Што се однесува до одвивањето на судските процеси онлајн, претседателот Стеваноски вели дека во моментов нема соодветни законски и технички услови.

Би можело да ве интересира

Се зголемува побарувачката на брашно!

Гордана Цветаноска

Водоснабдувањето во Прилеп и дефекти

Локалните и регионални медиуми започнуваат штрајк поради лошатa економска состојба! Во одлуката ги поддржува и (МАН) Македонската асоцијација на новинари

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе