ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Македонската репезентација во спортко моделарство на Европско првенство во Р.Унгарија

685

Од денеска, 23-ти јули до 28 Јули, во Сентеш, Република Унгарија  ќе се одржи  Европското Првенство во спортско моделарство, во категорија на воздухопловни модели за слободен лет, во Организација на ФАИ ( Меѓународна воздухопловна спортска федерација и Унгарската Воздухопловна Федерација

Натпреварите ќе се реализираат во три категории : Ф1А (едрилици), Ф1Б  гумењаци (воздухопловни  модели  со погон на гумен мотор) и Ф1Ц (воздухопловни модели со погон на клипен мотор)

На првенството ќе земат учество репрезентации од 32 европски држави ,со вкупно 199 натпреварувачи.На европското првенство во две категории ќе учествува и репрезентацијата на Македонија

Во Ф1А  (едрилици) ќе учестуваат: Небојша Стошиќ  од Аеро Клуб „Витачево“ Кавадарци, Петар Илиевски од Аеро Клуб „Мирко Тодоровски“ Битола и Зоран Велкоски од Воздухопловниот Клуб „Фил Феникс“ од Прилеп

Во Ф1Б  Гумењаци за македонската репезентација ќе настапат Анастас Божинов  , Митко Цветановски и Александар Цветановски Јуниор ,сите членови на  Аеро Клуб „Охрид“ од Охрид

Селектор ,Здравко Тодороски,  вели дека е престиж  да се учествува на врвни меѓународни воздухопловни манифестации,затоа што Европа е основоположник, центар и предводник на развојот на сите воздухопловни спортови, па и на спортското моделарство во сите негови дисциплини. Тоа беше основниот мотив Воздухопловната Федерација и Селектрот да вложат напор, да биде продолжен континуитетот и Македонија да биде присутна и на ова првенството.

Обезбедувањето  на предусловите за учество на репрезентацијата долго се подготвуваа, како и нејзините членови.  Од пресудно значење е поддршката добиена од Македонски Олимписки Комитет, Македонска Навигација и Агенцијата за Млади и Спорт.  За жал, овој пат во репрезентацијата поради здравствени проблеми нема да бидат двајцата врвни спортисти Климент Масин Аеро Клуб „Охрид“ и Гоце Јосифовски од Аеро Клуб „Витачево“ Кавадарци, како и државниот првак во Ф1А Давид Најдоски,член на Аеро Клуб Прилеп, кој се  наоѓа на работа во странство.   Но, и овој состав на репрезентацијата е искусен и  составен, исто така,  од спортисти кои биле државни прваци и освојувачи на трофеи од светските купови. Во оваа прилика репрезентативците ќе можат да реализираат непосредни контакти со најдобрите европски спортисти и да се натпреваруваат со нив – изјави селекторот Здраво Тодороски, за Радио Пела.

Во состав на македонската реперзентација се и двајца помошници, Марјан Димов од Аеро Клуб „Витачево“ Кавадарци и Насте Здравески  од Аеро Клуб „Мирко Тодоровски“ Битола кои ќе му помагаат на  селкторот Здравко Тодороски,со цел македонската реперзентација да се закти со неколу трофеи од ова Европско првенство

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе