18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Македонците имаат најниска просечна плата од останатите од регионот

Највисоката просечна плата во регионот за мај оваа година е исплатена во Словенија и изнесува 1.113,88 евра, додека најниската во Македонија и изнесува 413,67 евра. Со просечна плата од 413 евра, примањата на Македонците се непропорционални со трошоците. Според синдикалната кошница на ССМ на четиричлено семејство во месец јуни му требале 531 евро за да ги покрие основните трошоци. Последните статистики на Евростат, пак, говорат и тоа, дека 61 отсто од Македонците не можат да си дозволат одмор.

Од регионот,просечната плата во Хрватска изнесува 886 евра, во Црна Гора за јуни била исплатена плата од 516 евра, во Босна и Херцеговина 472 евра, додека Србија 470 евра.

Властите во Македонија постојано потенцираат дека просечната плата во земјава бележи континуиран раст. Владата на СДСМ се стреми во нејзиниот мандат да достигне до зголемување на просечната плата од 500 евра.

Преземено од /Фокус/

Би можело да ве интересира

Колку снегот и ниските температури ќе им наштетат на земјоделските култури?

Гордана Цветаноска

Собирајте ги сметките ,почнува повратокот на ДДВ. Како да остварите поврат??!

Елизабета Филипоска

Ристески: За фер пазарни цени и заштита на стадардот на граѓаните Закон за забрана на нефер трговски практики

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе