16.1 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

МЛАДИНСКАТА ПОБЕДА ДАДЕ ПЕТ ГОЛА ЗА ГОЛ-РАЗЛИКА 79:14!

Дека младинскиот тим на Победа е македонски фудбалски шампион покажа и во денешното, последно 26. коло од Супер лигата. Во Скопје со 5:1 совладана е Македонија ЃП. Дури четири гола даде Филип Тодороски, еден е дело на Леонардо Богданоски. На овој начин сета статистика е во прилог на Победа: најмногу бодови (62), најмалку порази (2), најмногу победи (20), најмалку примени голови (14), најмногу дадени голови (79), најдобра гол-разлика (+65). Првенството заврши, Победа е шампион и ќе настапи во јуниорската Лига на шампионите од УЕФА.

РЕЗУЛТАТИ: Скопје – Академија Пандев 1:3, Шкупи – Пелистер 2:4,, Вардар – Ренова 1:1, Работнички – Брегалница 1:1, Шкендија – Кул здравје 2:2.

ТАБЕЛА: Победа 62, Вардар 53, Шкендија 52, Пелистер 44, Академија Пандев 43, Брегалница 41, Кул здравје 40, Македонија ЃП 30, Њу старс 28, Шкупи 24, Ренова 16, Работнички 15, Куманово и Скопје 0.

Би можело да ве интересира

РК Прилеп со втор триумф во плеј-аут напреварувањето потврдува дека има квалитет во борбата за првата позиција на табелата

Пела Редакција

Кои екипи ќе настапат на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски„?

Елизабета Филипоска

Победа на Матеј Чатлески за прв триумф во професионалниот бокс (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе