5.3 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Заменик министерот за образование Алиу во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп за промоција на стручното образование (ВИДЕО – ФОТО)

Во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп денеска се одржа отворен ден на кој што беа презентирани образовните профили, наставни програми и услови за едукација кои училиштето ги нуди за учебната 2022-2023 година, како и компаниите кои ќе бидат дел од реализација на практичната обука. Ученици од основните училишта организирано се запознаа со можностите на ова средно училиште, преку презентации од учениците и професорите за секој профил посебно на убаво уредените штандови во кругот на училиштето.

На отворениот ден присуствуваше и заменик министерот  за образование и наука Лулзим Алиу.

– Во Прилеп ги посетивме трите средни училишта каде што има дуални паралелки, а оваа година се зголемува и интересот за упис во тие паралелки и зголемување на смеровите и има барања за нови смерови. Можам да потенцирам дека за разлика од минатата година кога имавме 97 дуални паралелки, оваа година имаме објавено 227 дуални паралелки. А, бидејќи дуалното образование подразбира склучување на договор со компанија каде ќе ја изведуваат практичната работа и тој број е зголемен од 200 компании кои беа лани, оваа година имаме над 450 компании кои ги отвориле вратите за нашите ученици на ниво на цела држава, посочи меѓу другото заменик министерот Алиу. Целиот разговор можете да го проследите на следниот линк:

 

 За упис во I (прва) година во СОУ,,Орде Чопела,, – Прилеп за учебната 2022/23 година беа претставени следните профили:  две дуални паралелки за Прехранбен трехничар во соработка со Млекара Мики , Стара фурна, Дониа, како и Агротехничар во соработка со Тутунски комбинат, Агроинвест и Институт за тутун со зголемен обем на практична обука.
Учениците во дуална паралелка ќе добиваат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината.
Додека пак учениците од Земјоделско-ветеринарна и Градежно-геодетска струка ќе добиваат месечен износ од 2.200 денари за 9 месеци во годината.
Покрај тоа за учениците на располагање се паралелка од Лични услуги и Техничар за очна оптика, како и паралелка од Здравствена струка и тоа Медицинско лабораториски санитарен техничар.

СОУ,,Орде Чопела,, – Прилеп во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ за идните средношколци интерактивно ги претстави на штандовите надгледните средства, стручната опрема, со која располага училиштето за теоретскиот и практичниот дел од наставата без која не би било можно да се реализира квалитетна наставно – практична програма.

Би можело да ве интересира

Голема порака од малите спортски игри со рециклирани тутунски материјали!

Гордана Цветаноска

Пијано маратон на учениците од ОМУ „Ордан Михајлоски Оцка“ Прилеп

Прилепчанецот Иван Јованоски, дел од бронзениот тим на Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе