11.1 C
Прилеп
понеделник, 28 октомври, 2024
Пела Радио

Може ли да се подобри состојбата во локалните медиуми? Со кои проблеми се соочуваат локалните новинари?!

Новинарите од Пелагонискиот регион остварија средба  со Претседател на ЗНМ, Младен Чадиковски, со Катерина Синадиновска, Претседател на СЕММ и Ирена Јакомоска , Претседател на  Регионалната Стопанската комора  ,како и со стопанственици од Прилеп и Битола, говорејќи на тема: “Соработка помеѓу новинарите и локалната бизнис заедница преку создавање на професионални онлајн медиуми”.

Новинарите од Битоа и Прилеп, дописници и локални новинари, како и сопственици на медиуми,  ја потенцираа тешката, програмска, финасиска и кадровка состојба во која се наоѓа новинарската фела и локалните медиуми,  а долгогдишните наталложени проблеми во оваа сфера на локално ниво ги слушна првиот човек на ЗНМ, Чадикоски, кој првапат имаше средба со локалните новинари од Пелагонија, по неговиот избор за Претседател на ЗНМ.

Стана збор за финасиската немоќ за одржливоста на локалните медиуми, за ниските плати, кои се во рамките на минималната  палта, за немање на новинарски кадар, како и за нееднаквиот пристап на јавните институциите кон медиумите на локално ниво во начинот на пренесувње на информациите, но и во начинот на плаќање на медумските услуги, при што новинарите и локалните медиуми се доведени на работ на егзистенција. Но, најголем пробелм преставуаат нерегистрираните  онлајн медиумите, кои се најечсто портал – човек. Тие создават конфузност и кај читателите и кај стопанствениците за веродостојноста на информациите кои се пласирани на нивните портали , бидејќи најчесто тие се без импресум, без име на сопственик, контакт до редацијата, одговорен уредник, потпишан новинар на објавените текстовите , што е основен услов за еден инфорамтивен протал . Таквие портали ги збунуваат и читалите, но и бизнис секторот кој не се сигурни дали на вистински портал го рекламираат својот производ.

Од ЗАМН и СЕЕМ беше поенцирано дека  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) работат на создавање на регистар на професионални медиуми, кој ќе и помогне на јавноста, но и на бизнис заедницата, полесно да распознаваат кои медиуми ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, кои се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум. Оваа активност е поддржана и од Стопанската  комора на Македонија и истата е предвидена во Меморандумот за соработка, претходно потпишан помеѓу ЗНМ и Комората.

ЗНМ, СЕММ и Стопанската комора, со одржување на овие средби на кои учествуваат новинарите, медиумските сопственици и претставниците на бизнис заедницата сакаат да дојдат до најквалитетните решенија кои ќе доведат до поголема професионализација на новинарството и ќе придонесат за промоција на саморегулацијата во медиумите.

 

Би можело да ве интересира

Единствено во спортски Прилеп – натпревар за врзување врвки и шнирање на патики

Пела Редакција

Jавна дебата за жителите од Општина Кривогаштани

Гордана Цветаноска

Лајонсите донираа опрема за очното одделение во Градската болница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе