11.1 C
Прилеп
понеделник, 28 октомври, 2024
Пела Радио

Не исполнети ветувања – Еурокомпозит на денот на трудот 1-ви Мај пред Влада

Танталовите маки на вработните од Еуркомпозит продолжуваат.Не ипсолнетите ветувања, до четврток (26.04 2018 г) да им се исплати плата, ги натера повотрно да излезат на штрајк. Протестот на вообичаеното место – два часа стоп за сообрајќајот кај Заполшки мост, пед угорницата на Плетвар. И, приказната, повторно, се повторува: без слух за овие луѓе,  кои ниту ги пуштаат да си одат од работа како технолошки вишок , ниту им помагаат, ниту нешто им решаваат…

Повторно на протесите 70 – тина вработени, кои имаат просечна старос од над 50 години и ние, новинарите (дописничката на МТВ, РАДИО ПЕЛА  и ИНФОКОМАС, кој е дописник и на ТВ Сител), со цел да ја пренесиме нивната приказна која ја раскажуваме повеќе од три месеци, научена на памет: неиплатени плати, придонеси, здравствено осигурување – ветувања,  па не иполнувања –  четивото се повторува во континиутет.Само нема одговор „до кога?!“

„Ова може да го реши само премиерот. Бидјеќи  ништо од ветеното веќе вторник ќе го искористиме првомајскиот марш на Синдикатот и ќе одиме во Скопје, со 10/20 шатори ќе протестираме пред Влада и остануваме таму. Решени сме да не се вратиме од Скопје се додека не се реши нашиот проблем. Ништо нема да се случи со таа плата и да ни ја пуштат , по 10 или 15 дена, нема ништо да реши“, изјави Роберт Богданоски, претседател на синдикален одбор.

„На оваа наша Библиска голгота и нема крај. Со новиот директор секој ден сме во контакт, меѓутоа и него го лажат, тој нас не лажии, и така. Му ветија и нему дека ќе имаме плата за 2-3 дена, до ,вчера , четвртокот , но од тоа нема ништо. Цело време велат дека денеска – утре,  парите се на сметка, ама ,еве,нема  пари. Ќе протестираме со шатори пред Владата од Прв Мај “, истакна и Цветан Бунтески, член на синдикален одбор.

Новиот в.д. директор кој потекнува од редовите на компанијата, Гоце Јагуриноски изјави дека за работници нема пари бидејќи се уште не бил депониран неговиот потпис,при што  во тој случај немало кој да потпииши за плата.

Слушајте ги и вестите на Радио Пела 96,8 ФМ (и на порталот)
во „Пелагониска хроника“ во 12,30,13,30 и Централните во: 16,30ч 19,30ч и (р)07,00ч

Би можело да ве интересира

Дојавите за бомби во училиштата се лажни! Се огласи и градоначалникот на Прилеп

Елизабета Филипоска

Не се гледа крајот на тунелот Еурокомпозит, блокадите продолжуваат!

Гордана Цветаноска

Дневен Ковид биланс, се зголемува бројот на заразени

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе