11.1 C
Прилеп
понеделник, 28 октомври, 2024
Пела Радио

Новоопремен информатички кабинет во медицинското училиште во Прилеп

Учениците од СОУ “Ѓорче Петров“-Прилеп добија новоопремен кабинет за одржување на наставата по информатика,  и, велат „веќе се е поинаку “ за полесно одвивање и следење на наставната програма по предметот информатика .

 „Нови компутери, ново уредена училница, со сите потребни елементи, за непречено одвивање на наставната програма по информатика“- вели професорот по информатика, Гоце Неделкоски

 

„ Кабинетот по информатика го опремивме со сопствени средства. Мал дел учествувше локалната самоуправа,нешто помогнаа граѓанските здруженија.  Пример „смарт таблата“  ја добивме од младиснката организација  СЕГА.  Сето ова е голема можност учениците и наставниците да го користат кабинетот по информатика, за наставни и воннаставни активност, непречено .“- рече, Страшо Ѓорѓиоски, директор на СОУ “Ѓорче Петров“- Прилеп

“Имавме стари компутери , спори, недоградени  и т.р нефункционални и некорисни за нас,..Стари, дотраени клупи и столчиња. Убаво и полесно е сега  да се следи наставата по овој предмет, со вака опремен кабинет“- ни рече еден од учениците

Кабинетот по информатика е еден од проектите на училиштето за оваа година. Наредната година планирано е  да се обноват и други кабинети во уилиштет кои се потребни за наставниот процес, а веќе ја изгубиле својата функционалност .

Би можело да ве интересира

ЈОУГД „Наша иднина“ Прилеп ги подобрува условите за работа

На отворениот ден во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп голем интерес за сите струки

Пела Редакција

Учениците од ООУ Климент Охридски повторно меѓу најдобрите на Олимпијадата по англиски јазик Хипо 2023

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе