ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Огромен интерс во Солун за уметничкиот штанд на Центар за современа ликовна уметност – Прилеп

790

Најстарата ликовна колонија во Југо-Источна Европа – Центар за современа ликовна уметност – Прилеп, за прв пат се претставуваме во Грција на 4-от Меѓународен саем за современа уметност во Солун, Грција (Art Thessaloniki International Contemporary Art Fair) на покана на Пантелис Тсатсис , уметнички директор на International contemporary art fair „Art Tessaloniki“.

 

За прв пат,во Грција, по 62 години постоење, е преставено богатот ликовно творештво на ЦСЛУ,  а голем број на грчки   автори – уметници, во текот на постоењето на ликовната колонија, од 1957-та,  биле учесници на оваа најстара ликовната колонија во Македонија. Токму на  саемот  се преставени дела на Гаитис, Форцас, Апостолу.. Ова беше одлична можност уметничките дела на познати автори, учесници на Интернационалните ликовни работилници да бидат презентрани пред  меѓународанта публика..

 

 

Интересно е тоа што токму уметничкиот штанд на Центар за современа ликовна уметност – Прилеп, предизивика огромен интерс кај посетителите, а ЦСЛУ – Прилеп, на Саемот во Солун е третиран со особени почит и внимание.

 

“ Гостувањето на ЦСЛУ-Прилеп на саемот за уметност во Солун е одлична можност да се покаже дека јазикот на уметноста не познава граници и спорови „-вела организаторите , брачниот пар Јана и Горан Ристески, двојцата „виновници“ за реализација на оваа идеја

 

 

Првиот човек на Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп Горан Ристески, за дел од медиумите изјави „Ова е само почеток и нема да застанеме тука, за нас е предизвик и задоволство да ги презентираме уметничките дела создадени во текот на 62-годишно богато ликовно творештво во рамките на ЦСЛУ-Прилеп. Првиот ден помина одлично и пријатно сме изненадени од заинтересираноста за нашите дела и присутноста на посетители, овде луѓето навистина ја вреднуваат уметноста.“

Штандот на ЦСЛУ на Саемот за современа уметност во Солун го посети и Заменик министерот за култура,  Владимир Лазовски кој во разговор со директорот на саемот, Пантелис , ја истакна важноста за ваквите соработки помеѓу двете држави како  клучен интерес за негување на ликовното творештво. 

Презентацијата на ЦСЛУ  на Саемот во Солун е поддржана од Владата , Министерство за култура и прехрамбената индустрија „Витаминка“ – Прилеп. Саемот траеше 4 дена и завршува денеска .

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: