16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

ПЕТАР КОСТОВСКИ Е ПРВИОТ СЕНИОРСКИ ПОБЕДНИК НА ТУРНИРОТ „ИЛИЈА КАРЕСКИ“

Меѓународниот меморијален пингпонгарски турнир „Илија Карески“ ги даде победниците во петте категории. Во највозрасната, секиорска конкуренција, победник е штипјанецот Петар Костовски, член на актуелниот македонски шампион Младост 96 од Прилеп.

Во оваа возрасна група, во која беа 20 учесници, второто место го освои Зоран Решетар (Спин, Подгорица, Црна Гора), а третото Христијан Јовановски (Пелагонија, Битола). Кај пингпонгарките до 21 година најдобра е Ана Стојановска (Крива Паланка), пред Бојана Михајловска и Ива Димитриевска (Рисови, Скопје), додека кај пингпонгарите од истата возраст редоследот е: Теодор Волканоски (Крушево), Дамјан Стојчев (Шампиони ФА, Штип), Даниел Главевски (Пелагонија, Битола).

Кај најмладите учеснички, до 15 години, најуспешни се: Софија Хасану (Крушево), Изабела Ковачовска (Берово), Фани Јованоска (Крушево), а кај момчињата на таа возраст – Лука Стојчев (Шампиони ФА, Штип), Александар Јакимовски (Крива Паланка) и Филип Ангела (Пелагонија, Битола).

Првото издание на турнирот, организиран од ППК Младост 96, наиде на одлични оценки од сите учесници, што е поттик од година да премине во традиционален.

Би можело да ве интересира

ДВА ПРЕСВРТА ЗА ТРИУМФ НА ВОСКА ВО ПРИЛЕП

Гордана Цветаноска

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Миркуловски – Победата против Данска за мене е триумф на сите времиња (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Победа пред предизвик- одново да гради екипа!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе