27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Агро-бизнис комората избра нов претседател

Горан Ѓорѓиевски е нов претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание. Ѓорѓиевски кој по професија е машински инженер е сопствени на познатиот бренд „Специјал“, кој на пазарот има 24 годишна традиција и ангажира повеќе од 200 вработени.

Ѓорѓиевски истакна дека меѓу приоритетите на кои ќе работи и за кои ќе се залага е да се обезбеди сигурност на пласман на земјоделски производи по реални цени, да се направи окрупнување на земјишни парцели, зголемување на приносите, партнерска соработка и зголемување на конкурентноста на земјоделските производи.

„ Земјоделството е една од најважните стопански гранки во нашата држава која има голем потенцијал да придонесе за раст и развој на целокупната економија во пост- пандемискиот период. За да се постигне тоа неопходно е да се променат унапредат условите во кои се работи сега преку иновации, дигитализација, следење на современите трендови. За земјоделците е потребно да се обезбеди и помош и стручни совети за купување земјоделска механизација и друга техничка опрема. За да се постигне максимален процент на искористеност потребна е поедноставување на постапките за ИПАРД апликациите. Неопходно е и даночни олеснувања за нафта, семенски материјал и за земјоделска механизација, како и субвенции по килограм произведен производ“ истакна Ѓорѓиевски.

На досегашниот претседател Огнен Оровчанец му беше врачена Благодарница за исклучителниот ангажман во Комората и личниот придонесот кој го дал со цел креирање на подобро деловно окружување за развој на агро-бизнис секторот. На седницата беа избрани и нови членови на органите на управување на Агро-бизнис комората, а за потпретседатели на Комората избрани се г. Ласко Јованов од компанијата Слога Интернационал, г. Илија Јанчев, винарија Венец и г. Марко Кутревски од компанијата Пекабеско.

Би можело да ве интересира

Распоред на планирани прекини на електрична енергија за 6, 7 и 8 ми мај во општина Прилеп

Пела Редакција

Македонците имаат најниска просечна плата од останатите од регионот

За семејна дружба и забава Витаминка организира Семеен ден за своите вработени

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе