ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Потребни се средства за малиот борец Лука да продолжи да се радува на животот

746

Сигурно се сеќавате на малиот Лука кој имаше само 16 месеци, а животот прерано го направи борец кој го чекаше тешка борба. 

Лука е роден предвреме со само 720гр, подоцна му е дијагностицирана микроцефалија и глувост, после сето ова имаше комплексна дијагноза – тумор на црниот дроб. Дојде до влошување на состојбата поради зголемување на туморот. Опцијата за неговото лекување беше да се направи оперативен зафат, за кој никој не се нафати во Македонија бидејќи требаше во исто време како што ќе се извади зафатениот дел од црниот дроб со туморот, да се трансплантира нов.

“Благодарение на тимот професионални лекари во Италија, Лука се спротивстави на операцијата, по денови и денови под апаратот и успеа да победи и да ни се насмевне. По долг престој во болницата го виде сонцето и го направи животот среќен. Но, родителите мора да останат во во Италија иако нивниот престој е во куќа во која се сместени семејства со слична дијагноза. “Ние плаќаме за храна и трошоци за целиот престој тука. Со месеци сме во Италија и веќе немаме средства и не знаеме како да одиме напред, затоа ни треба вашата помош. Животот овде не е ефтин, но мора да останеме тука долго време поради постојаните проверки и третмани кои сè уште траат. За да го заврши третманот тука и конечно Лука да се врати во својата земја жив и здрав, да продолжи да ужива во својот живот како и секое друго дете, на Лука му треба вашата поддршка.
Се надеваме дека ќе не поддржите и ќе донирате. Ви благодариме oд Срцете!

Лука во Италија примаше терапија за намалување на огромниот тумор кој зафаќаше шест седмини од целокупниот орган. Успеаја да го намалат туморот, и потоа да го оперираат и направат трансплантација, раскажува Надица.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе