18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Прилеп: Четири нови случаи со Ковид 19

Денеска, сабота 16-ти мај, според информациите од прес службата на Општина Прилеп, евидентирани се 4 нови случаи на КОВИД-19, а од заразната болест оздравеле две лица;
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 21 лице, од кои 16 се позитивни на коронавирус. Двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка, а заради потешката клиничка слика, еден пациент ќе биде испратен на Клиничката болница во Скопје. Во делот за изолација се наоѓаат 5 пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати;
Во самоизолација се наоѓаат 160 лица;
Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час.

Би можело да ве интересира

ОЈО Прилеп одреди притвор за трговецот со дрога од 200 000 евра

Гордана Цветаноска

ЦУК спасил овчар кој со стадо овци бил заглавен на речен остров на Црна Река

Пела Редакција

Прилеп најзагадениот град во Македонија ?! Мери ли точно новата мерна станица за квалитетот на воздухот?

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе