18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

ПРИЛЕПЧАНИТЕ СЕ НАВИКНУВААТ НА ПРВОЛИГАШКИ ФУДБАЛ

Денешниот фудбалски натпревар Брегалница – Работнички наместо во Штип ќе се одигра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Станува збор за меч од 26.коло на Првата фудбалска лига, што значи прилепчаните ќе можат да гледаат прволигашки фудбал.

Екипата на прилепска Победа веќе четири години е во второлигашкиот ранг, со амбиции наесен да се врати во прволигашкото друштво. Но, прилепската публика со време се навикнува да ги гледа прволигашките дуели. Есеноска во Прилеп се одигра дуелот Тиквеш – Шкендија (0:0), а денеска од 15 часот е Брегалница – Работнички, шестиот со осмопласираниот на табелата.

Штипскиот тим не може да игра дома поради реновирањето на теренот во Штип, така што и претходниот меч со Ренова (2:2) се одигра настрана, во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Струмица, Победа против Беласица без тројцата казнети играчи

Пела Редакција

Охрид и Еурофарм Пелистер 2 финалисти на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Пела Редакција

Втора година по ред нема да го одржи МЕЃУНАРОДНИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР во ЏУДО „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ“,

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе