7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ – фотограф – Предлог бр. 4 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември “ – Респект за мултимедијалниот уметник

РОБЕРT ЈАНКУЛОСКИ  –  фотограф – мултимедијален уметник-  Предлог бр. 4 на Радио Пела за најпрестижната општинска  награда “3-ти Ноември  “ – прилепчанец кој е со идеја да создаде музеј на фотографии.

За неговите дела се интресираат, и светските, и домашните медиуми. Тој и неговите поставки се секогаш во интерес на новинарите и критичарите. Неговата фотографија е на пијадесталот на најдобри фотографии, а многу од нив се значајни за македонската кинматографија и фотографска историја.

Прилепчанецот, Робер Јанкулоски е идол на многу млади фотографии,професионалец од кои учат денес генерации. Тој е продуцент, режисер, истражувач, човек кој ја има фотографијата како посебен медиум на изразување. Со три децениско активно работење, тој преставува еден од најкоплетните македонски уметници, со кој Прилеп се гордее.  

Јанкулоски се „кити„ со голем број самостојни и групи изложби, во земјава и странство, а неговата фотографија се нашла на многу документарни филмови, кратки филмови, монографии и каталози.  Добитник е на многу награди, меѓународни и домашни, а неодамна од францискиот народ , француската амбасада во Македонија, му ја додели најпрестижната награди за уметност,  орденот „Витез“.( Јанкулоски го доби одликувањето за својата фотографска креација и истражувачка работа за браќата Манаки и нивната поврзаност со Франција за време на Првата светска војна и потоа.) 

Неговите фотографии се одлично прифатни од публиката, бидејќи со отсликувањето на мигот, го прикажуваат животот, луѓето, историјата, природата, стварноста испреплетена со вистинитоста и манипуативност,локалните и глоблните настани… користејќи притоа нови техники и технологии за да ја доближи фотографијата до гледачот.

Брилијантните фотографски пандани и откритија на Јанкулоски покажуваат дека нема поголем крик од немиот крик на фотографијата како опомена што било во минатото, а што ќе биде во иднината – пишува, Јордан Плевнеш за делата на Јанкулоски.

„…препознатлив со спојот на историјата и современоста, минатото и сегашноста, меморијалното и актуелното, традиционалното и модерното, интимното и јавното, локалното и глобалното, регионалното и универзалното, емотивното и рационалното… Да се сочуваат фотографии значи да се сочува светот“ – потенцира за фотографиите на Јанкулоски , Светлана Младенов. 

Роберт Јанкулоски, е роден прилепчанец, натурализиран Скопјанец кој дипломирал на ФДУ – Скопје, отсек камера во 1996 година. Магистирал на ЕСРА. Основач на Македонскиот центар за фотографија. Редовен професор и декан на ФФУ при при универзитетот „Еуропа Прима” во Скопје. Во неговата кариера има три /четири самостојни изложби во ЦК Марко Цепенков –Прилеп.  Но,секогаш се наврајќа во својот роден град за да ја донесе неговата фотографија до своите Прилепчани . Својот роден град го почести и со изложба во септември, „Инстант семејства – мултипликација на љубовта“ која наиде на голем интерес кај прилепската публика.

Мото: „Се надевам ќе создадеме музеј на фотографија!„

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Би можело да ве интересира

НИНА СПИРОВА – (ПОСХУМНО) Најпозната македонска пејачка на староградска и народна музика на сите времиња – Предлог бр. 12 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„

Елизабета Филипоска

Лео Клуб Прилеп, млади хуманисти, поттикнувачи на промени во заедницата – Предлог бр.13 за најпрестижната општинска награда „3 ти Ноември“

Гордана Цветаноска

Борис Ночески, млад иноватор – Идеjата, руши бариери! – Предлог бр.8 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе