7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

ГОРАН КУЗМАНОСКИ – РАКОМЕТЕН ТРЕНЕР, со неуморен спортски дух – Предлог бр.7 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„

Повикот од родниот Прилеп е предизвик – Прилеп заслужува да има врвен ракомет!

Тој повеќе од 30 години живее за ракометот. И, како не би живеел за овој спрот, кога потекнува од еминентно спортско ракометно семејство – татко му Петар Кузманоски –Таста, беше еден од најистакнатите прилепски ракометни легенди кој подоцна бил тренер и претседател на РК Тутунски комбинат, клуб, во кој ѝ двајцата ја започнале својата ракометна кариера.

 Спортскта публиката го знае Горан Кузманоски како одличен ракометар, а спортистите го имаат како прекрасен пријател, човек – спортист, на кому на многумина Кузманоски му „подал рака“ за развој на нивната интернационална кариера. Го ценат и го почитуваат, поради неговата несебичност, и во игра и надвор од неа, поради квалитетот – човечноста, поради долгогодишното ракометно искуство и знаење, но и по неговата хуманост и коректност.  Кај Горан Кузманоски, збор е збор, делото е дело, а почита е почит. Нема лицемерност, надменост и „големина“. Тој знае да ги вреднува своите колеги – знае да ги цени и почитува своите противници . 

Ракометот го однесол на многу ракометни патишта и води, во разни екипи, домашни и странски, но најмногу останал во Романија во екипата на „Одорхеи„, каде ги започнува и првите тренерски чекори, во младинските школи, па и како играч – трнер. И, кога својата активна играчка ракометна кариера ја завршува во ЕУрофарм Работник – Битола решава да се префрли дефинитивно во тренерските води.

И, одлучува да му помогне на својот роден град Прилеп, да го крене на „нозе„ прилепскиот ракомет , како некогаш, и  од оваа година  застанува на кормилото на РК Прилеп. И, така започнува неговата тренерска кариера, онаму, каде што ја почна и неговата играчка кариера, во неговиот роден Прилеп.

Но, Горан Кузманоски  не е само врвен спортист. Тој е и врвен  хуманист. На стартотот на кризата со Ковид 19, за време на карантинот, кога спортистите останаа пасивни, надвор од спортските терени заради здравствена заштита, Горан Кузманоски,со својот спортски дух не мируваше, започна акција за борба против коронавирусот. Беше еден од иницијаторите, кои ги мобилизира македонските спортисти да учествуваат во хуманитарна акција  во која се собраа средства и пакети за многу здравствени установи и социјално загрозените семејства, кои имаа потреба од помош.

“Борбата за здравјето е најважниот предизвик, најважната укакмица во нашите кариери. Како во спортот така и во животот, најважна е тимската игра, солидарноста и несебичноста.“ -напиша Кузманоски.

Собраните средства беа донирани за обезбедување на заштитини маски и опрема на здравствените работници кои беа во првите одбранбен ред против коронавирусот и за обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.

За тоа пишуваа многу медиумите , а многу наши колеги го издигнаа Кузманоски на пијадесталот „ најхуман спортист„.И, токму хуманоста поврзана со пандемијата и подадената рака за помош на машкиот ракомет во Прилеп ни даде поттик,  Горан Кузманоски да биде наш медиумски избор  на 13 –те величенствени на Радио Пела.

Порака :„ Заедно сме победиле многу натпревари, многу противници, заедно ќе го победиме и корона вирусот, ќе одиграме најсилна одбрана и ќе покажеме дека заедно, солидарно – МОЖЕМЕ!“- напиша тогаш Кузманоски

Би можело да ве интересира

НИНА СПИРОВА – (ПОСХУМНО) Најпозната македонска пејачка на староградска и народна музика на сите времиња – Предлог бр. 12 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„

Елизабета Филипоска

Убавината ќе си го најде патот, колку и да изгледа кревка понекогаш, ДОБРИЛА ГРАШЕСКА, предлог бр. 10 за најпрестижната општинска награда „3 – ти Ноември„

Гордана Цветаноска

Започнува изборот на 13-сет ВЕЛИЧЕНСТВЕНИ! За кој прилепчанец Вие би го дале Вашиот глас ?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе