ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се дистрибуира гласачкиот материјал, утре уредите за биометриска идентификација

697

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до 80 општински изборни комисии и Градот Скопје под силно полициско обезбедување, се дистрибуираше гласачкиот материјал. Печатницата,  по налог на Државната изборна комисија го испечати изборниот материјал, вкупно околу 4,5 милиони ливчиња и останат материјал што е потребен за спроведување на изборите, кој е испечатен на 60 тони хартија и денес е предаден и испорачан до 80 Општински изборни комисии со возила на Пошта и со засилена полициска придружба.

За овие избори материјалот е досега најобемен, содржи гласачки ливчиња и изводи од избирачкиот список. Во текот на утрешниот ден ќе бидат дистрибуирани и уредите за биометриска идентификација на гласачите.  Апаратот работи на струја и доколку снема, гласањето продолжува со батерии. Во случај ако се потрошени резервите и ако нема струја, тогаш ќе се гласа по стариот метод со УВ-ламба и спреј. Во тој случај, се остава отпечатокот на избирачкиот список на хартија а податоците ќе се проверуваат директно во Државната изборна комисија.

Локалните избори ќе се одржат во недела на 17 октомври на 3480 избирачки места. На изборите  ќе се применуваат мерки за заштита од ширење на Ковид.  Еден ден порано, односно во сабота, први ќе гласаат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците, лицата во притвор и во старските домови.

Престојните избори се седми по ред локални избори, на кои право на глас имаат 1.824 864 милиони граѓани кои ќе избираат помеѓу 301 кандидат за градоначалник и за 567 листи за советници.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: