9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

СТРЕЛАШТВО ВО ПРИЛЕП СЕ ГАЃА ПОДОБРО ОТКОЛКУ НА ОЛИМПИЈАДА

Високи резултати се постигнати на традиционалниот турнир во гаѓање со воздушно оружје „11 Октомври – Опен Македонија“, организиран од клубот Херој Прилеп. Во дисциплината воздушен пиштол, апсолутна категорија, најдобар е олимпиецот Борјан Бранковски (Стрелец, Скопје) со 574 погодени круга. Тоа е за 1 круг подобар резултат отколку на Олимпијадата во Токио, каде Бранковски погоди 573. Новото постигнување важи за нов државен сениорски рекорд.

На 2. и 3. место на турнирот се две дами, Вероника Велковска (Стрелец, Скопје) и Маја Чешелкоска (Херој Прилеп) со по ист број кругови – 536. Во дисциплината воздушна пушка, апсолутна категорија, одлучувачка беше десетина од круг. Најдобрата, Анастасија Мојсовска (Стрелец, Скопје) е со 618,1 круг, а вториот Мартин Ангелески (Херој Прилеп) со 618 круга. Првиот е нов државен рекорд кај сениорките, вториот нов државен рекорд кај сениорите. Третопласирана е Ирина Јовановска (Херој Прилеп) со 612,8 круга. На турнирот учествуваа 25 стрелци од 7 македонски клуба.

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕП ГО РАСТУРИ ТИМОТ ОД СВЕТСКИОТ ПРВАК КАРЛСЕН

Гордана Цветаноска

Прво коло Деспина со 8:0 го совлада Борец

Елизабета Филипоска

Илија Несторовски потпиша за второлигашот Асколи (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе