ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И, ТРЕНИНГОТ Е НАСТАН – РАКОМЕТАРИТЕ И КОШАРКАРИТЕ ПО ДОЛГИ ГОДИНИ ВЛЕГОА ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА

893

По долги настојувања, Унверзалната сала да стане функционална за спортување и следење на ракометни натпревари, конечно желбата на прилпчани се исполни. Вечерва,  својот прв трнинг во храмот на ракометот,во  Универзалната сала, прилепските ракометари го одржаа првиот тренинг.

Салата веќе има и нов лик: исчистен терен, обновена е дотраената инсталација за одржување на личната хигиена во соблекувалните, приспосебени се соблекувалните за потребите на спортисите,…„Тука, веќе тренирањето е поинаку„, велат ракометарите на РК Прилеп на својот прв тренинг,  кои се радуваат што тука ќе се одвиваат и идните натпревари, со можност за побројна публика во подобри услови за работа.

Во неа годинава ќе тренираат, и ќе ги одржуваат своите натпревари, и кошаркарите од Мега Баскет. Па двата клуба, со соодветно распределни термини за тренинг и натпревар, ќе бидат единстени , засега, корсници на овој спортски објект, затворен долги години за јавноста.

И, едните и другите се задоволни што тоа им се случува по долги години користење на училишни сали. Ракометарите последен пат беа во објектот на 4 септември 2016 на мечот од ЕХФ купот со швајцарскиот Винтертур. Кошаркари последен пат тука се видени во 2012 година кога постоеше клубот Ултимејт баскет. „Пресреќни сме што тренираме, што и натпреварите ќе ги играме тука. Салата изгледа прекрасно. Има струја и вода, паркетот е во одлична состојба исто и кошевите. Имаме идеални услови. Уште отсега ги поканувам љубителите на кошарката да дојдат на првиот наш првенствен меч тука“, порачува Сашо Костоски, тренер на Мега баскет.

Со нетрпение,сега се чекаат првите првенствени натпревари – на 20 ноември ракометниот дуел на Прилеп против суперлигашкиот лидер Еурофарм Пелистер од Битола, а на 27 ноември кошаркарскиот меч на Мега баскет со третолигашкиот лидер Работнички од Скопје.

Универзалната сала беше вон фукција повеќе од една деценија. Во неа се играше само „Светиниколскиот  турнир„ во мал фудбал во декември, во траење од неколку дена и се одржаа два/три хуманитарни концерти изминаите 10 години. Едната трибина од салата за жал сеуште е не функција, и е небезбедна за гледачи, па таа ќе остане празна  оваа сезона.

Со салата стопанисува ЈП за станбен и деловен простор на РМ, а нејзините корисници ,сениорите од РК Прилеп и сениорите од КК Мега Баскет , сега засега, ќе бидат најзини единствени корисници.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: