ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Универзална ги врати ракометните спомени – Пролет прва на турнирот „Миле Нешкоски“

661

Униерзалната сала во Прилеп ракометно заживеа . Беше исто како некогаш, кога љубителите на ракометот во солиден број гледаат натпревари во сала која нуди и комфор и квалитет за публиката и квалитетno играње ракомет, како што доликува на суперилгашки екипи и меѓународни натпревари и турнири.  И, затоа минатите два дена, може слободно да се каже дека за прилепчани рекоментиот турнир „Миле Нешкоски“ беше  од особено спортски значење, бидејќи во салата на Тутунскиот – комбинат беа одиграни четири официјални и два ревијални натпревари, на кои имаше интересен ракомето навивање, игра и спобир на дел од македоснките ракометни легенци и стручнаци. Ракометните средби беа одиграни во чест и сеќавање на Миле Нешкоски, еден од ракометарите на Тут-ком кои оставија длабока трага во ракометот во Прилеп.

И, токму турнирот овозможи ,на една недела пред почетокот на ракометната Супер лига македонските екипи да ги играат последните контролни дуели, па така изминативе два дена чеитире екипи  ги мера силите , се бореа за освојување на турнирот, но и правеа добри контролни натрепвари пред стартот на првенството 15/16 септември.

Во финалето Тинекс Пролет во дуелот на Суперлигашите го совлада тимот на Струга со 24:23, но Струга се покажа како црвст противни, кој во ниту во еден момент не изгуби рамнотежа, па  финалето беше натпревар за ракометно уживање. Ловќен го совлата Прилеп (32:28), па домаќинот беше последен на годинашниов турниот .

Се одржаа  и два ревијални дуели.  Кај дамите ветеранките на Прилеп ги совладаа колешките од Гевгелија со 9:6, додека кај мажите ветераните од Прилеп ремизираа со 8:8 против репрезентацијата на ветераните од Македонија.,со што заврши Меортијалиот турнир „Миле Нешкоски

Младинскиот репрезентативец во составот на Струга, Ненад Костески, го доби признанието најдобар играч на турнири, а наградата за најдобар голман му припадна на Филип Борозан од тимот на Ловќен.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: