18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Весело, разиграно, распеано – концерт одржа КУД „Мирче Ацев“ на отворено пред Цепенков

По повод прилепско културно лето, ЦК ,,Марко Цепенков”- Прилеп се одржа концерт на културното уметничко друштво ,,Мирче Ацев”-Прилеп., каде настапија  и српското уметничко друштво ,,КУД Шумадија” од Горни Милановац, Република  Србија и пејачката машка група ,,Октет”- Прилеп, која неколку децении ја одржува традицијата за староградска песна, работејќи под закрилата на  националната установа  Центар за култура ,,Марко Цепенков”-Прилеп ии има издадено три албуми со 40 композиции.
Културното уметничко друштво ,,КУД Мирче Ацев”-Прилеп е создадено во Април 1947 година, а во досегашното постоење илјадниците играорци, кои биле дел од друштвото одржале повеќе од 3.500 концерти, не само во Прилеп и Македонија, туку и во странство. Ансамблот гостувал речиси на сите континенти во  светот. Културното уметничко друштво ,,КУД Мирче Ацев”-Прилеп е под раководство  на Славе Јовески.

Би можело да ве интересира

Во пресрет на Светскиот ден на театарот – Кога нов театар во Прилеп?

(ВИДЕО)Таравари: Само компетентните договорци ќе се вратат на работа

Пела Редакција

110 години од смртта на Атанас Бадев

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе