16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

По 22 години на спортскиот аеродром слета едрилица

Кога се има желба и знаење, кога се има ентузијазам, се преминуваат и препреките. Ова, важи за сѐ, а најмногу за спортот. Денеска убава вест пристигнува од тимот кој што неуморно работеше на возобновување на Спортскиот аеродром Прилеп кај Мало Коњари, кој што долги години беше запоставен и неупотреблив за аероспортови.

Но, напорите на тимот предводен од професорот Ѓорѓи Манчески, инаку вљубеник во воздухопловните спортови, вродија со плод :за прв пат после 22 години на Спортскиот Аеродром Прилеп слета Едрилица. Според објавата на социјалните мрежи станува збор за модел ASK-21 Mi (композитна моторна едрилица) во сопственост на Ѓорѓи Манчески.

Изминативе неколку месеци претходеа подготовки на пистата и објектот  на аеродромот, како и обезбедување на потребните лиценци од надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Против Шкупи Победа со 5 нови засилувања

Филип Мирчески назначен за спортски директор во младинската академија на Победа (ФОТО)

И, младите прилепски фудбалерки успешни како и сениорките

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе