17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Во прилепско поднесени 2 700 барања за земјоделски субвенции

За користење на финансиската поддршка според националната програма поднеле барањa над 65 илјади земјоделци во Македонија до крајниот рок 31 јули. Додека пак,  во прилепско, во трите општини Прилеп, Долнени и Кривогаштани, аплицирале  околу 2 700 земјоделци. Во најголем број станува збор за одгледување на градинарски и житни култури, велат од подрачната единица на ресорното министерство. Рокот беше пролонгиран од министерството за земјоделство со цел што поголем број на дирекни производители да добијат можност за субвенции од државниот буџет.

Со оглед на интересот и состојбата со пандемијата, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој оцени дека успешно е завршен процесот на пријавување.  Инаку, аплицирањето се одвиваше електронски, а еден дел земјоделци кои не знаеја сами да аплицираат, и оваа година, како и минатите, побараа помош од вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што се работеше со продолжено работно време за време на викендите, согласно препораките за превенција од КОВИД 19 и почитување на протоколите.

Би можело да ве интересира

Жената – земјоделец без право на породилно отсуство

Елизабета Филипоска

Прилеп повторно на врвот според новозаразени со корона вирус, утре ќе заседава Кризниот штаб

Гордана Цветаноска

Црвеножолтата река го обиколи светот – НЕ за промена на името

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе