9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

Водоснабдување за жителите од крушевското село Пресил

Продолжува изградбата на резервоар за вода во с. Пресил. Овој проект ќе ги реши проблемите со водоснабдување во ова населено место, а истото претставува одговор на долгогодишни барања и потреби на жителите на Пресил.

Договорот за овој проект беше потпишан на 29-ти јули и беше извршен вовед во работа , со што и официјално започна реализацијата на проектот вреден 2. 122 272 денари. . Истиот се имплементира во рамки на „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој“ на Бирото за регионален развој.

По потпишувањето на договорот градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски потенцира дека локалната самоуправа се сосредоточува на основните проблеми на граѓаните при реализација на активностите.

 

Би можело да ве интересира

Коморскиот инвестициски форум ги награди Регионалните стопански комори од Прилеп и Битола

Крушево постави агрометеролошка станица

Елизабета Филипоска

Прилепските советници го изгласаа буџетот за 2021 година

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе