11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

За Прилеп загрижувачки дневен Ковид биланс

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на Kовид-19, најмногу во Скопје – 357, додека во Прилеп дури 72 повторно со бројка што е веднаш по главниот град. Во Крушево се регистрирани 10 новозаразени.

Пријавени се вкупно 9 починати лица, од Скопје (85г, 80г, 69г,), 2 пациенти од Куманово (81г, 74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов, Прилеп е втор според активните случаи со 663, веднаш после Скопје со активни 3750 случаи.

Би можело да ве интересира

Како да се креираат позитивни модели на културни искуства преку нови медиуми?

Пела Редакција

Девет годишно дете и неговата мајка се дел од заболените 6 лица во Прилеп

Елизабета Филипоска

Прилепчанецот фотограф и мултимедијален уметник Робер Јанкулоски добитник на државната награда „23 Октомври“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе