1.1 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Дали белата чума е закана за општините од Пелагонискиот регион?!Колку жители има Прилеп, Крушево, Долнени, Кривогаштани..според Државниот завод за статистика?

Државниот завод за статитстика денеска го објави својот статистички годишник, во кој според нивните податоци во текот на изминатата година во Прилеп биле регистрирани 74 647 жители,  5 496 во Кривогаштани, 14 135 Долнени, а во Крушево 9 327 жители.

Во текот на изминатата година во Пелагонискиот регион биле родени 1.962 живородени деца, а починале 2 914  лица. Природниот прираст во Пелагонија е негативен  и изнесува 952 лица помалку . Во текот на 2018 година во Пелагонискиот регион склучени биле 1288 бракови, а регистрирани се 216 развод.

Според Државниот завод за статистика, во Прилеп минатата година родени се 681 дете , а починале 936 лица. Во Кривогаштани имало 35 живородени деца , а умреле 83 лица. Во Крушево бројот на живородени деца во 2018 г. е 87 , а починале, во истиот период, 116 лица . Во Општина Долнени во текот на 2018 регистирани се 172 живородени деца , а бројот на починати лица изнесувал 152.  Ова говори дека природниот прираст во овие општини е негативен , зашто морталитето на населението е поголем од наталитетот. Дали белата чума е закана за   Пелагонискиот регион?!

Што се однесува до склучените бракови во Прилеп минатата година се склучиле 385 бракови, во Крушево 56, во Општина Кривогаштани регистирани се 26 бракови во 2018г,  а во Општина Долнени 92 брака.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Почина писателот Василе Димески

Гордана Цветаноска

Изгоре куќата но не и иконата од Исус Христос

Пела Редакција

Задушница за Духовден во прилепските храмови – утре неработен ден за православните граѓани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе