20.5 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

1000 ученици и професори од ООУ „Климент Охридски“ со перформанс им оддадоа почит на ангелите од Кочани

Oколу 1000 ученици и наставници од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, креираа видео перформанс во чест на прерано загинатите деца во пожарот во дискотетката “Пулс„  што на 16 март 2025 година однесе 63 млади животи во Кочани. Перформанс со многу емоции, солзи и тишина – тие на посебен начин им ја искажаа почитта  за прерано изгубената млади животи во трагедијата која стана колетивен непребол на македонскиот народ. Како симболичен чин на сеќавање и поддршка, со порака дека болката по загубата не познава граници и дека споменот за овие деца ќе остане засекогаш жив, учениците и наставниците преку симболичениот перформанс испратија силна порака дека децата кои прерано ги загубија своите животи не се само деца на Кочани, туку деца на сите нас.

Нивната невиност и нивните насмевки остануваат како потсетник дека општеството треба постојано да гради повеќе грижа, љубов и заедништво.

Видеот во целот можете да го погледенте ТУКА

Денес, со тешки срца, но со бескрајна љубов, се собравме да им оддадеме почит на оние кои прерано станаа ѕвезди на небото — нашите ангели од Кочани. Овој перформанс е наш крик против заборавот: Тие не беа само деца на Кочани, тие се деца на сите нас. Нивната невиност е наш аманет — да бидеме подобри луѓе, да се чуваме едни со други и никогаш да не дозволиме нивните имиња да избледат“ напиша диреткорт на ООУ Климент Охридски, Ахил Јаков на неговата ФВ страна.

 

Би можело да ве интересира

Ќе се врши втора фаза на ларвицидна дезинсекција

Апел од кочанчани: Не правете настан за гледаност од ова, ова не е приказна за кликови, ова е човечка болка

Започнаа градежните работи на „црната точка“ од патот Прилеп – Крушево

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе