5 C
Прилеп
понеделник, 17 февруари, 2025
Пела Радио

Економското училиште од Прилеп преку Еразмус +размени искуства со партнерски училишта од странство за вштините со финасии

20 професори од училишта по економска струка , од  повеќе земји: Унгарија, Литванија, Шпанија, Италија, Хрватска и Македонија, им беа гости на  СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“- Прилеп . Сите тие се дел од проектот „Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство“, од програмата на Еразмус +, финансиран од ЕУ и Европската комисија преку Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Нашиот училишен центар ‘Кузман Јосифоски – Питу’ е биде домаќин на гости кои ни доаѓаат од шест држави, вклучувајќи ја и Македонија. Гостите доаѓаат од партнерски училишта преку проект добиен од програмата на Ерасмус +, а во кој се вклучени шест држави: Македонија, Италија, Унгарија, Шпанија, Литванија и Хрватска. Нашиот училишен центар покрај овој проект има добиено и нови четири проекти, од кои два се координатори добиени од нашата национална агенција и два се партнерски проекти. Односно, ние сме партнери во проектите добиени преку други национални агенции од Полска и од Австрија“- посочи директорката на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, Билјана Марковска.

Гостите го посетија и опшинското собрание. Градоначалникот Илија Јованоски ги информираше за можностите кои им ги нуди градот под Марковите кули, и ги покани да се запознаат со културно-историското и природно наследство. Тој на гостите им нагласи дека Општина Прилеп е дел од проект на Еразмус + програмата, заедно со  Архитектонскиот факултет од Американ Колеџ, Институтот за архитектура од Виена и Институтот за архитектура од Рим, Италија.

Целта на проектот “Финансиски и претприемачки вештини за активно граѓанство“ е да учесниците разменат искуства во светот на парите, економијата и финансиите, да се создадат можност за поттик за претприемништво и развивање на претприемачкиот дух,и  да се развијат нови знаења, ставови, вештини и способности за работа со пари, финансии, буџет и буџетирање.

 

Би можело да ве интересира

Есенски панаѓур во ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ Прилеп

Пела Редакција

Општина Прилеп ги награди најуспешните ученици од основните и средните училишта

Гордана Цветаноска

Отворена изложбата на дела од „Мал битолски Монмартр“(ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе