ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Заштита на потрошувачите со сертификатот за меѓународн стандард ИСО 26 000

888

Сертификатот „Фер со потрошувачот“, со крајот на јули ќе го добијат 46 компании во Македонија. Денеска тој беше промовиран пред прилепските компании и невладини организации. Тој ќе претставува гаранција за квалитетот на производите и услугите што компаниите им ги нудат на македонските потрошувачи.

Сертификатот „Фер со потрошувачот“ ќе го издаваат 11-ет граѓански организации во Македонија, меѓу кои и АГТИС-Прилеп ,  обучени да може да проверат дали производителите ги исполнуваат критериумите ,истакна Александар Николов, од асоцијацијата „Зенит“

Кога потрошувачите ќе видат знак „Фер со потрошувачот“ во просториите или на производите и услугите на некоја компанија, може да бидат сигурни дека таа компанија ќе се грижи да ги заштити нивните права и доколку настане проблем при користење на производот или услугата, ќе има постапка за спогодбено решавање. Сертифицираните компании добиваат и бесплатен план за подобрување на односот спрема потрошувачите .Сертификатот „Фер со потрошувачот“, ќе се добие со имплементирани политики кон потрошувачот и постигнати критериуми за квалитет (фер трговска практика) врз основа на Повелбата за заштита на потрошувачите и Кодексот за фер-однос кон потрошувачите.  – вели Николов.

Тој нагласи дека главните области каде најчесто има поплаки од потрошувачие се: информирање на потрошувачите за производите и услугите, дали се фер договорите што ги склучуваат потрошувачите со производителите, регулирање на гаранцијата, сервисирањето и техничката поддршка и едукацијата на потрошувачите.

„Најголемиот број поплаки до Организацијата на потрошувачите на Македонија се однесуваат на гаранцијата на производот и сервисните услуги, проблем е заведувачкото рекламирање на компаниите кои создаваат погрешна слика за производот и услугите како и не исполнетите ветувања на туристичките агенции„ – објаснува Николов

Ваков сертификат веќе успешно функционира во Словенија и во Хрватска, вели Мартина Билјаноска од невладината „Агтис“ која е сертифицирана за спроведување на проектот во пелагонискиот регион.

Според Ирена Јакимоска, косопоственик на прилепската компанија „Комфи Ангел“ и Претседател на Регионалната стопанска комора во Прилеп, прилепските компании постепено ќе ги сфатат придобивките од проектот.

– Нашиот став како компанија е дека единствен шеф во компанијата е потрошувачот и само среќен потрошувач е добар потрошувач. Од тие причини сакавме да бидеме дел од самото сертифицирање и да потврдиме дека визијата на нашето работење е да го опслужиме купувачот соодветно на однапред договорените норми по основ на квалитет и квантитет и другите спецификации за достава на услугите и стоката.Компанијата „Комфи Ангел“ несебично го прифаќа проектот и сертификувањето. ас очекувам дека на почетокот бројот нема да биде масовен но кога ќе се пренесе искуството од самото сертифицирање и искуството од тој програм мислам дека и сите други компании би го следел примерот – рече Јакимоска.

Кампањата „Фер со потрошувачот“се спроведува во сите региони и е финасики подржан  од ЕУ.има за цел едукациј ана потрошувачите и компаниите за значењето на сертификатот „Фер со потрошувачот“  заснован на стандардот ISO 26000.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: