16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

ПЕЛА СТОРИЈА : Креативни наставници – задоволни ученици во ООУ Страшо Пинџур – Мало Коњари (ВИДЕО + ФОТО)

Не е тајна дека кој било вид физички вежби придонесува за здрав начин на живот, што има повеќе придобивки и за децата и за возрасните. Но, во денешно време, кога физичките активности се заменуваат со игри на телефон или таблет и часови поминати на каучот, дома , часот по физичко образование и спорт е можност за забава и вежбање за најмалите.Часовите по физичко образование и спортување во училиште се важни , особено затоа што се одвиваат во безбедна средина , заедно со други деца. Покрај тоа тие се координирани од луѓе со знаење од оваа област кои можат да го препознаат и обучат потенцијалот на секое дете , земајќи ги предвид нивните способности. Така е и во основното училиште Страшо Пинџур од Мало Коњари .Креативни во тандем настава , наставниците Иле и Ленче, многуте спортски терминологии и наставна програма ја преточуваат во игра , забава и едукација за најмладите.

Спортот ги учи децата да бидат дисциплинирани и да следат одредени правила , спортот  развива  тимски дух , часот по физичко и здравствено образовние дава можност за развивање на мотивација и внесување на здрави навики. Во ова основно училиште часот по физичко е час за уживање , и момент за нов предизвик кој носи правилен физички развој.Насмеани детски лица , желба за докажување , тоа е вистинскиот концепт за наставниот процес , велат наставниците кои се изненадени и од идеите и на самите деца кои заедно со своите ментори ги креираат многуе едукативни спортски игри кои се дел од наставната програма.

Кога задоволството е обострано , часовите реализирани со заедничка мотивација тогаш најсреќни се децата , учениците кои едноставно посакуваат повторно да влезат во салата и докажувајќи се да се надоградуваат и да растат здраво , а ние , ние им посакуваме уште многу вакви заеднички креативни спортски активности.Во продолжение погледнете ја нашата супер позитивна сторија која е комбинација на среќа и задоволство.

 

Би можело да ве интересира

Семејна расправија завршила со убиство во Прилеп

Пела Редакција

Во Прилеп одбележан Денот на револуционерната борба, 23 Октомври

Елизабета Филипоска

До каде се градежните работи на Градски? (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе