Прилепските џудисти редат успеси. Викендов на Државното Првенство за Помлади пионери и јуниори се одржа во Кавадарци во организација на Џудо клубот “Кожувчанка”- Кавадарци. На овие државни првенства во двете старосни категории учество зедоа над 200 натпреварувачи, а од Прилеп учество зедоа трите клуба Пролетер, Сеишен и Санкаку.
Од трите прилепски џудо клуба најуспешни беа натпреварувачите од Пролетер Прилеп со вкупно освоени 27 медалји од кои 12 златни, 6 сребрени и 9 бронзени.
https://www.facebook.com/meri.barakoska/videos/10216849516463930/
Џудо клубот Сеишин зеде учество со 25 натпреварувачи, а освоени се вкупно 19 медали ( 5 златни, 7 сребрени и 7 бронзени). Или вкупно освоени 19 медалји на државното првенство. Викендов Џудо клубот Сеишин настапуваше на два фронта бидејќи беше дел од Меѓународниот Турнир Младост Европе 2019 во организација на ЏК Шогун Ниш. Овој традиционален турнир привлекува натпреварувачи од повеќе земји, учество зедоа вкупно 38 клубови од 5 држави со околу 360 натпреварувачи. Единствен претставник од нашата држава беше Сеишин, а беше освоено едно 1 место.
Додека пак Џудо клубот “Санкаку”- Прилеп беше дебитант на Државното првенство во Кавадарци за помлади категории и зеде учество со 5 натпреварувачи, а освоени се два бронзени медали. Натпреварувачите на ЏК “Санкаку” прикажаа солидни борби со оглед на тоа дека сите беа дебитанти на ова Државно првенство, а воедно станува збор за млади џудисти.