9.3 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

“Comfy Angel” за поддршка на младите во спортот!

В сабота (23.03.2019) во 09 часот, на плоштадот “Методија Андонов Ченто”-Прилеп , “Comfy Angel” организира голема хуманитарна распродажба на своите производи – јоргани, перници и постелнина по промотивни цени.

Распродажбата ќе биде од хуманитарен карактер , зашто дел од средствата ќе бидат  донирани за поддршка, развој и напредок на младите во спортот.

Воедно, на самата локација на денот на распродажбата, ќе бидат поставени кутии за донации  за поддршка на спротот и младите во спорот

„Да ги поддржиме младите спортисти од нашиот град“ – повикуват од Комфи Ангел  – „ бидејќи Прилеп изобилува со млади спортисти  кои  им е неопходна помош за правилен напредок и развој во спортот“

Во рамките на својата хуманост, деновиве „Комфи Ангел„, во соработка со учениците од ОУ „Климент Охридски“ – Прилеп, изработи перничиња со нивни креации, а приходот од истите беше распределен онаму каде што беше најмногу потреба.
„Најмилите ни возвратија со најубавиот подарок – љубов и насмевка, кои ги изразија преку нивната креативност.“-рекоа од компанијата

Би можело да ве интересира

Католиците и дел од православните верници го слават Бадник

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Тошеска: услугата „Помош и нега во домот“ станува дел од системот за социјална заштита

Пела Редакција

Промоција на нова книга за деца од Лина Димоска

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе