10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

(Галерија) Средношколци со знаења и вештини од земјоделието се натпреваруваат, кој знае повеќе

СОУ „Орде Чопела„-Прилеп , е домаќин на едно невообичаено и  интересно натпреварување во областа на земјоделијето. Се одржува 49 –от државен натпревар за ученици од училиштата со земјоделско – ветеринарна и шумарска струка, од Македонија. Возење на трактор, препознавање на плевели и семиња , аранжирање на цвеќе ,копачење на овошки и лози.. се само дел од задачите на учениците за  натпреварувањата,сокои тие ќе гопотврдат своето знаење и ќе ги прнесат своите научени вештини од овие области, кои врпочем, ги изучуваат во своите стручни училишта.

Директорката СОУ „Орде Чопела“, Анета Пејоска им посака срдечно добредојде на учениците и професроите и нагласи дека овие натпреварувања  се дел од образониот процес, каде учениците и професорите имаат можност да ја покажат својата сручност, креативност и стекнати знаења во областа на наставните предмети во кои се натпреваруваат.

 

“Стекнатото висококвалитетно знаење и вештини им отвара врати на учениците во висококвалитетни образовни институции и ги става во рангот на моќна конкуретност на работна сила на пзарот на трудот “ –реле Пејоска

Покрај домаќнот СОУ Орде Чопела-Прилеп, на 49 –от државен натпревар на ученици од училиштата со земјоделско ветеринарна и шумарска струка ,учество зедоа ученици од СУГС “ Браќа Миладиновци“- Скопје, СОУ „Гоце Делчев„- Вландово, СОУ „Кочо Рацин“ –Свети Николе, СОУЗ  “Киро Бурназ“-Куманово,СОУЗ “Кузман Шапкарев“ –Битола и СОСУ “ Моша Пијаде„-Тетово.

Натпреварот низ фотографии:

 

Би можело да ве интересира

Eфективна практична настава и подобри услови во СОУ „Орде Чопела“

Гордана Цветаноска

Во „Ѕуница“ ѕуни од насмевки и од љубов (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

ПРОМОЦИЈА НА ПРОФИЛИТЕ ОД СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ ВО РАМКИТЕ НА „ОТВОРЕН ДЕН“ ВО ПРИЛЕП ЗА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе