27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Изгореа два автобуси кај новата автобуска станица во Прилеп

Утрово, околу 02,30 гореа два автобуси паркирани кај новата автобуска станица во Прилеп, при што е направена голема материјална штета. За среќа нема повредени и човечки жртви.

ТППЕ- Прилеп интервенирала три часа во гаснење на пожарот,  а поради опасноста пожарот да се прошири (бидејќи во близина се наоѓа и бензинската пумпа) било интервенирано со четири протипожарни возила.

Засега не се знае што е причината за опожарувањето на автобусите, но неофицијално, станува збор за автобуси кои не се со прилепски регистарски таблички, односно станува збор за кавадаречки автобуси ,кои возеле за компанијата Дрекслер Маер и тука биле паркирани.

 

Би можело да ве интересира

Прилепчанец возел на Широк сокак со автомобил, заработи казна (ВИДЕО)

Пријава за инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај кој примал поткуп

Возел со над 2 промили алкохол во крвта

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе