11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Анкета за работата на општинската администрација во Општина Крушево

Колку сте задоволни од работата на градоначалникот, колку општинската администрација ви излегува во пресрет, колку одделенијата при ЕЛС се отворени за комуникација, се дел од анкетните прашања на кои граѓаните треба да се изјаснат. Општина Крушево од денеска , започнува со спроведување на анкета за работата на општината и сите институциите под локална надлежност со цел испитување на јавното мислење за работата на институциите.
Седум денови граѓаните имаат шанса да го кажат своето мислење и забелешки во анкетата за општина Крушево која пак може да се пополни „онлајн“ преку интернет или во просториите на општина Крушево.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски пред неколку денови со најавата на оваа активност потенцираше дека ќе се добие детална слика  како институциите фунцкионираат и понесување одговорност на секој вработен. Според Христоски тоа е најдобра можност да се испита мислењето на граѓаните за работата на институциите, колку вработените одговорно ја вршат својата работа, колку граѓаните се задоволни од градоначалникот, од одделенијата во општината и секој вработен. Христоски упати апел до граѓаните да ја пополнат анкетата која пак ќе биде показател за евентуални промени во служба на граѓаните.

Анкетата може да се пополни на следниот линк:

https://forms.gle/cz9ZK8HKKV3iiRKJ7

Би можело да ве интересира

20 -сет Прилепчани го носат вирусот на ХИВ/СИДА

Елизабета Филипоска

(Видео) Три дена беснее шумскиот пожар во крушевско

Елизабета Филипоска

В петок, на 23 ти, започнува собирањето потписи за кандидати за претседател и за пратеници

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе