Слободни места има за вкупно 23.410 ученици во средните училишта во државава. Во прилепските 5 средни училишта и во СОУ „Никола Карев“ Крушево во првиот уписен рок се запишале околу 700 ученици, но остануваат околу илјада слободни места во сите средношколски центри.
Од СОУ „Наум Наумоски – Борче“ од Крушево за второто пријавување слободни места за упис на ученици има за сите струки поврзани со угостителската дејност: готвач, келнер, слаткар… но, оттаму информираат дека во нивното училиште има слободни места и за гимназиското образование.
Во СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп најголем интерес за упис во прва година, за учебната 2018/2019 , основци пројавиле за хемиско – технолошките струки, но не помал е интересот и за земјоделските струки. Бодовите за пријавување во сите струки во СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп ќе бидат намалени за пет поени помалку, што е добра можност оние ученици кои не успеале да се запишат, повторно да се обидат.
И, во СОУ „Кузман Јосифоски“ Питу има слободни места за вториот упис. Најголем интерес учениците пројавиле за профилот економски и правен техничар , а помал е интерестот за бизнис администратор, како и за продавач и асистен деловен администратор.
Во СОУ „Ѓорче Петров “- Прилеп во првиот уписен рок особен интересот пројавиле полуматурантите за медицинската струка, која оваа година воведе и нови профили, но оттаму велат дека иако има уште неколку место за фармацевската и физиотерапевската струка, потребни се 70 поени за упис при второто пријавување.
Третото пријавување во средните училишта каде што ќе има слободни места ќе биде на 1 јули.
претходна вест