Целосно се реконструира кровната конструкција од детската градинка „Тризла“,.Истакнувајќи, дека грижата за најмладите кои посетуваат дневен престој во детските градинки, е врвен приоритет, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски заедно со претседателот на Совет, Миле Талевски и директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп, Орце Тодоровски, денеска ја посетија градинката .
Директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп, Орце Тодоровски нагласи дека е во тек голема инвестициска активност во висина од 15.000.000 денари, со која ќе бидат опфатени сите детски градинки во Општина Прилеп.„Тој кров е заменет со нов огноотпорен и пластифициран лим„- изјави директорот Тодоровски.
„Од постоењето, 40 и нешто години откако е направена градинката, прв пат сега се реконструира кровот и тоа комплетно по највисоки стандарди. Од утре ќе се започне со целосна промена на дограмата.Ќе се постави нова ПВЦ дограма и во целост ќе се молериса градинката „Тризла“. Тука нема да запреме, реконструкцијата на кровот е околу 1620 метри квадратни, а вредноста е околу 3.500.000 денари.“, истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.
Градоначалникот Јованоски, потенцираше дека исто така голем приоритет е и промената на котелот за парното греење во детската градинка „Гоце Делчев“.
Покрај овие градежни зафати, во градинките „Бончејца“ и „Гоце Делчев“ направени се нови патеки со бехатон плочки, како и нови летниковци, со цел децата да изведуваат летна настава во топлите временски периоди.