13.9 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

(Видео) Новинарскта секција од СОУ „Наум Наумоски – Борче “немирува“ и во КОВИД 19

Светскиот ден на слободата на медиумите, беше доследно одбележан од новинарската секција на СОУ „Наум Наумоски – Борче“, Крушево . И ,покрај тоа што учениците, физички не присуствуваат во училиштето, тие сепак, активно учествуваат во една од најитересните и најмасовните секции ,новинарската , прдводена од професор , Никола Јованоски. Денеска, на Светскиот ден на слободата на медиумите, тие изработија интересно видео и го  опшишаа своето искуство  во новинарската професија, како млади репортери. Учениците-новинари ги презентираа своите први впечатоци, први запознавања со оваа професија, но и ги истакнаа и своите едукации со кои се стекнуваа во текот на учеството во новинарската секција.Учат да ја бараат вистината и да ја пратктицираа оваа професија. Сотир Маркоски и Марија Николоска, кои се дел од ова видео се и  водители во младинската емисија на радио Пела „Од млади за млади„, каде учат и за радио новинарството

Новинарството е доблесна, благородна професија, која постојано трага по вистината ! А, кажување на вистината е облик на пренесување на реланоста.  Како младите новинари од Крушево го доживуваат новинарството, од следното видео:

https://www.facebook.com/radiopela/videos/681318579294200/

 

Би можело да ве интересира

ВНИМАТЕЛНО! (Видео)Патот на дел од Плетвар под вода

Пела Редакција

Украл 3 возила и и’ признал на полицијата

Пела Редакција

БЕСПЛАТЕН РЕКЛАМЕН ПРОСТОР за фирмите кои помагаат во ова кризно време

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе