30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ВНИМАТЕЛНО: Каде од локалните водоводи водата не е за пиење?!

Во  Лок .в.с.Ореовец – јавна чешма која се наоѓа во сред село, како и водата од Л.в.с. Плетвар – крајпатна Че и Јавна чешма , не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

И, водата во Л.в.с.Беловодица – двор  не е здравствено исправна заради наод на зголемено присуство на органски материи и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Исто така, водата од мерно место локален водоснабдителен систем  Ерековци – двор  не е здравствено исправна заради наод на бактериии не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи од 0,2-0,5 мг/л. вода.

Локален водоснабдителен систем Загорани – Ѕвездакоски, водата во Л.в.с Веселчани – двор и водата во Л.в.с.Канатларци – бензиска на основа на извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба, но количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи во границите од 0,2-0,5мг/л.вода,информираат од Општина Прилеп

Би можело да ве интересира

Чупетрески: Ако станам градоначалник ќе ги донирам платата и приходите по тој основ

Прилеп новогодишно се украсува

Рано утринава уште едно опожарено возило во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе