2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

„Ајде да играме“ – иницијатива за подобра социјализација на најмладите

„Ајде да играме“ e иницијативата преку која млади ентузијасти од Крушево, Локален младински совет Крушево со поддршка на локалната самоуправа сакаат повторно да го вратат детскиот џагор во Крушево и на неколку часа да ги тргнат најмладите од компјутерите и телефоните.

„ Ајде да играме“ е иницијатива на неколку млади ентузијасти кои сакаат повторно да го слушнат детскиот џагор низ сокаците на Крушево. Идејата е барем на неколку часа да ги оттргнеме децата од компјутерите и мобилните и да ги изнесеме на маалска дружба.

Во текот на неделата ќе им ги демонстрираме игрите од нашето детство како „Суљо“, „Народна“, „Силна војска“, но и умствените игри како „Брза географија“, „Бесилка и слично. Покрај тоа имаме вклучено и посета на два музеи, Македониум и галеријата Никола Мартиноски со цел запознавање на културата и историјата на градот.

Се надеваме дека со оваа иницијатива не само што ќе им го пополниме слободното време, туку ќе ја зголемиме и нивната физичка активност и ќе придонесеме за нивната социјализација како еден од клучните фактори во нивниот развој, вели Теано Кардула која заедно со Панче Гелевски и Локалниот младински совет ја отпочнаа оваа активност.

Првиот ден од иницијативата се одржа вчера, а истата продолжува денеска од 17 часот на „Гумење“ и ќе продолжи се до крајот на неделата, до почетокот на школската година. Настанот е отворен за сите и општина Крушево ги поканува родителите со нивните деца и млади да се приклучат на иницијативата.

Би можело да ве интересира

Македонската гајда впишана во Репрезенатативната листа на УНЕСКО

Пела Редакција

Прилеп ќе биде домаќин на „Добри гости“

Пела Редакција

Локвенец „Граѓаните на Прилеп се сплотија и достоинствено ги прославија историските успеси за државата„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе