11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Наместо 4 %, пензиите се зголемија 0,4 %

На средбата со новинарите во ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп денеска тема беше покачувањето на пензиите, кое, според Стеван Самарџиоски е мизерно и не ги задоволува потребите на оваа категорија граѓани.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

„Власта на Зоран Заев и СДСМ секој ден ги понижува граѓаните и гази врз нивната чест и достоинство.
Така е и со последниот случај на покачување на пензиите за 36 денари за најниската и 63 денари за просечната пензија.
Вакво девалвирање и поигрување со работниот век на граѓаните е можен само кога СДСМ е на власт. Така беше и во минатото, а за жал тоа се пресликува и сега.
Ова се случува после промената на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој го направи оваа одродена власт и со кој сега зголемување на пензиите се врши само кога постои раст на трошоците за живот, а не како претходно кога пензиите растеа и со растот на платите.
Со ваквата срамна одлука пензионерите наместо да добијат 4% раст на пензиите оваа година, за нив се предвидени само мизерни 0,4% раст на месечните примања.
Над 10.000 пензионери во Прилеп се исто така понижени и разочарани од овие 36 денари покачување. Тие не сакаат промотивно бесплатно возење во автобуси болиди, туку сакаат повеќе пари месечно. Сакаат повеќе пари затоа што заслужуваат и затоа што со нивниот работен век придонеле за својата држава и своите семејства.
Никаде во светот и во Европа не се применува оваа формула на покачување на пензиите, туку се зема во предвид онаа стапка која е поповолна за нив.
Само во нивната СЕВЕРНА е можно вакво газење на сопствениот народ, на народот кој за нив е само бројка и кој е важен само во предизборните кампањи.
Ова не е процутот за кој зборува Зоран Заев! Ова не е држава која оди напред, која се грижи за своите граѓани и држава која гарантира еднакво општество за сите
Затоа за многу кратко време, следува обнова на татковината и враќање на претходниот Закон за пензии, што гарантираше редовно и вредно покачување на пензиите.“

 

Би можело да ве интересира

Николоски: Очекуваме референдумска излезност на 8 ми мај!!!

Пела Редакција

СДСМ Прилеп: За нас зборот е збор, граѓаните на сметките ги добија субвенциите за набавените инвертори и велосипеди

Гордана Цветаноска

Талевски: новите мерки ќе ја поттикнат домашната потрошувачка и економија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе