-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Младинска меѓународна конференција за европските вредности

Од денеска започнува Младинска Меѓународна Конференција “Европски вредности за иднината на ЈИЕ” во Крушево. На конференцијата ќе присуствуваат педесет и осум (58) активни младински лидери од 16 земји кои ќе дискутираат за тоа – како младите лидери можат да го поддржат процесот на Евроатланска интеграција на регионот. Ќе се дискутира на 4 теми, вели Анелија Митрова од Младинскиот сојуз Крушево, организатор на конференцијата.

– Се работи за една платформа, младински мотиватори и лидери кои работат активно на полето на европската интеграција. Заедно ќе се дискутира на актуелни теми со кои се соочуваат младите во овој период. Ќе стане збор за исселувањето, за иднината на работата, младите денес и глобалното затоплување, рече за Радио Пела Анелија Митрова Младинскиот сојуз Крушево, организатор на конференцијата.

Учество ќе земат педесет и осум активни младински лидери од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Италија, Германија, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, и Турција, кои ќе дискутираат во Крушево за тоа како младите лидери можат да го поддржат процесот на евроатлантска интеграција на регионот.
Конференцијата е во организација на Младински сојуз – Крушево, во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Фондацијата „Фридрих Еберт”, канцеларија Скопје, како и поддршката од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа преку Германската амбасада во Скопје. Се одржува по 17. пат во Крушево, а ќе биде отворена вечерва со обраќање на Методија Стојчески, претседател на Младински сојуз – Крушево, Томас Герберих, амбасадор на Сојузна Република Германија во Македонија и Лидија Димова директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Би можело да ве интересира

Градот Крушево доби средства за подобар водоснабдителен систем

Гордана Цветаноска

Спас за Прилеп и Сина Револуција во акција за пошумување кај Прилепец

Гордана Цветаноска

Шестмина излекувани, a нема нови заболени со Ковид 19 во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе