16.7 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

Девет натпреварувачи – девет медалји за џудистите на Сеишен

Џудо клубот Сеишин од Прилеп имаше уште еден успешен настап на меѓународен турнир во странство. Од силниот турнир во Црна Гора, „Трофеј Никшиќ-2019“ џудистите на Сеишен се вратија со девет освоени медали.

Вкупно 9 натпреварувачи отпатуваа за Никшиќ и успеја да се вратат со исто толку медалји во силната конкуренција на 290 натпреварувачи од 32 клубови.

Џудистите на Сеишин освоија 2 златни, 3 сребрени и 4 бронзени медали. До најсјајните одличја дојдоа Валентин Димитриоски во кадетска конкуренција во категорија -90 килограми, како и Јован Најдовски во категоријата +90 кг.

На турнирот во Црна Гора вреди да се напомене дека учество зедоа 7 држави Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Косово, Босна и Херцеговина и домаќинот Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Златна Олимпија, за најдобра спортиска во рацете на прилепчанката Пулексенија Јованоска

Гордана Цветаноска

Екипата на Младост 96 е нов македонски шампион во пинг-понг (фото)

Елизабета Филипоска

РАКОМЕТ БИТКАТА ЗА ОПСТАНОК ПОЧНУВА ОД СКОПЈЕ

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе