16.7 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

Почна аплицирањето за субвенции за трета фаза млеко во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите млекопроизводители дека започна поднесувањето на барањата за субвенции за предадено овчо, козјо, и кравјо млеко, трета фаза млеко, односно, за произведено и предадено млеко во периодот од мај до септември 2019- та година. Како што информираат од подрачната единица на ресорното министерство во Прилеп, барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски најдоцна до 5- ти ноември 2019 година.
Висината на поддршката за произведено и предадено овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.
До 5- ти ноември е рокот и за поднесување на барања за субвенции за амортизирани несилки заклани во регистриран кланични капацитети во период мај – септември 2019 година. Висината на поддршката за оваа мерка е 125 денари за заклани и предадени несилки во регистрирани капацитети.
Сите кои имаат произведено и предадено млеко од мај до септември оваа година или во истиот период имаат одгледани и заклани несилки, од денеска до 5- ти ноември ќе може своите барања да ги достават со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk на полето „Директни плаќања-е барање“. Откако ќе пристапат во системот, ќе може да го креираат електронското барање. Оние фармери кои не можат сами да креираат е- барање или имаат потреба од помош за креирање на барањата може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.

Би можело да ве интересира

Пожар во индустриска зона во Прилеп, кај Студенец и Дервен фатени дрвокрадци

Пела Редакција

Веќе нема пролетен распуст за учениците, се укинува од новата учебна година

Пела Редакција

Почна штрајкот на УЈП- секој ден од 10 до 12 часот шалтерите нема да работат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе