5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Грант средства преку АВРМ за нови бизниси добија 35 баратели

Договори за добивање на неповратни средства во висина од 5.000 евра, за отворање сопствен бизнис денеска беа потпишани во Центарот за вработување во Прилеп. Станува збор за мерката „самовработување со грант“. Со поддршката ќе се отворат 35 нови бизниси.

„Станува збор за мерка за неповратни средства во висина од 5.000 евра за отпочнување сопствен бизнис за невработени лица. Исто така, имаме грантови и за содружници, со кои две лица може да добијат 10.000 евра. Овој проект е дел од оперативниот план на Владата за активни програми и мерки за вработување за 2019 година, за кој оваа година во Центарот за вработување аплицираа 161 лице. Првите договори беа склучени во септември оваа година, вкупно 68 а денеска и преостанатите 35“, изјави раководителот на прилепскиот Центар за вработување, Гордана Младеноска.

Ќе бидат опфатени различни дејности,а грантовите се доделуваат за за плочкари, продавници за трговија на мало, автолимари, фитнес и фотографски студија. Интересот за добивање грантови за самовработување секоја година се зголемува, од причина што лицата кои добиле грантови имаат право да користат и други мерки и поволности кои ги дава Агенцијата за вработување.
„Добив грант, неповратни средства од АВРМ за да отворам свој бизнис. Ќе отворам женски бутик со кој мислам дека би можела да работам, да имам повеќе финансиски можности. Со бизнис планот ќе ми се дадат повеќе можности и би имала подобра иднина за мене и за моите деца“, вели Елена Илиеска.
„Добив неповратни средства и како гипс мајстор, планирам да отворам фирма за кнауф и фасади. Се надевам дека ќе имам повеќе работа во наредниот период“, изјави еден од добитниците на грант, Мартин Митков.
Во моментов, во Центарот за вработување во Прилеп се евидентирани 11.592 лица, од кои 7.000 се активни баратели на работа.

Би можело да ве интересира

Само 4 одсто од граѓаните имаат пари да го поминат месецот, на 45 % квалитетот на животот им се влошил, а сиромаштијата и скапотијата пријавени како најголеми проблеми

Пела Редакција

Биткоин надмина 7.000 долари – колку електрична енергија се користи за „копање“ на Биткоин?

Гордана Цветаноска

Подарок за децата – Кирил Самарџиоски не е повеќе мнозински акционер во Прилепска пиварница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе