11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Шест девојки во Прилеп ќе се фрлаат по Светиот крст од пријавени над 110 лица

Над 110 лица се пријавени за учество во традиционалното фрлање на Светиот  крст во водите во отворениот базен од Хотел „Салида“ во Прилеп ,  на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираат од Прилепско намесништво од Преспанско – Пелагониска Православна Епархија.

Меѓу пријавените засега  има и 6 девојки, кои ќе учествуваат заедно со момците  да го фатат Светиот крст. Пријавувањето ,како и секоја година се одржува на 9 јануари, на трет ден Божиќ,а интересот секоја година е се поголем

Кандидатите најпрво треба да се крстени и потребно е да имаатт  бесплатен лекарски преглед, како услов за пријавување за фаќање на Светиот крст, информираат од Прилепско намесништво

Фрлањето на  крстот во водите на базенот „Салида“ во Прилеп ќе се изврши во 11 часот, на 19 јануари.

Претходно, во православните црвки во Прилеп ќе се служи богослужба и традиоцнално, рано утрото, ќе се летаат гулаби како симболи на појавување  на светиот дух.

Празникот Водици се слави од вториот век и е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Се верува дека тој што ќе го фати крстот ќе го следи благослов и среќа преку цела година.

 

Би можело да ве интересира

Во Крушево нова количина маски за заштита од КОВИД 19

Елизабета Филипоска

„Прилеп Фолк Фест“ – деветто издание, вечер на современи македонски песни

Пела Редакција

Василичарската паричка во бурекот на Жито Прилеп ја пронајде едногодишниот Дамјан

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе