24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Фрлањето на крстотот во населените места низ фотографија

Богојавленскиот водосвет, односно чинот на положување на крстот во водите беше извршен и во петнаесетина населени места на територијата на општина Прилеп: Селце, Витолиште, Мало Коњари, Големо Коњари, Кадино село, Ново Лагово, Штавица, Чепигово, Беровци, Ерековци, Подмол, Клепач и Тополчани.

Покрај градоначалникот, претседателот на Совет и месното население, на традиционалниот чин присуствуваа и претставници на Советот на општина Прилеп, државни институции и на јавните комунални претпријатија.

Во раните утрински часови од денешниот ден, градоначалникот Јованоски и претседателот на општинскиот Совет, Талевски, присуствуваа и на традиционалниот чин на пуштање гулаб во црквата „Св.Благовештение“, како гласник и симбол на мирот.

 

 

Би можело да ве интересира

Миле Талевски избран за Претседател на Советот на Општина Прилеп

Се зголемува бројот на новозаразени, во Прилеп 6 од 36 тестови

(ВИДЕО)„Мачкина глава“ ќе го отвори, „Црно злато“ ќе го затвори јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе