1.1 C
Прилеп
вторник, 24 декември, 2024
Пела Радио

Крајот на откупот создаде проблеми, тутунарите незадоволни

Дали во претстојниот месец дена, до крајниот рок, ќе бидат преземени преостанатите од 2, 5 до 3 милиони кгр ориентален тутун во земјава? Откупувачите ветуваат дека ќе биде преземено целокупното договорено производство од 26 милиони и 700 илјади кгр ориентален тутун. Но, земјоделците се незадоволни, велат производството се цени под класа, особено од втората половина на месецов.

– Линијата на проценка не е добра, не е иста како што беше на почетокот на откупот до јануари. Проценката се врши и со една класа подолу. Во прилепско, за дооткупување најголеми количини има во Општина Долнени, каде се произведува најмногу тутун. На ниво на држава има околу 3 милиони кгр, рече во емисијата Агрома на Радио Пела, Менде Стомнароски, од Сојузот на земјоделски здруженија, од каде годинава се распределени поверениците за проценката на вагите.

Дали станува збор за хиперпродукција? Во игра се разни шпекулации кај земјоделците, за што тие се крајно револтирани, и бараат трудот да им се исплати реално при проценката на вагите.


– Не се работи за некаков вишок на тутун, целото производство е договорено само треба да се преземе од страна на откупувачите. Преостанатите количества за преземање или 90 %, според договорите се во двете најголеми компании, вели Стомнароски.

Наводната незаинтересираност на компаниите, според него, се манифестира со снижување на цената, со цел правење поголем профит.
Од Сојузот на земјоделски здруженија, апелираат тутунарите да ја стопираат проценката доколку не се задоволни за второстепената комисија да направи увид и повторна оценка.

– Да се повика инспекторатот и да се види на лице место фактичката состојба и со тоа да им се докаже на фирмите дека навистина прават проблем при откупот, потенцираше Стомнароски.

Откупувачите ветиле дека целокупното договорено количество на тутун ќе биде преземено на работниот состанок одржан во петокот. При тоа, според соопштението од МЗШВ, претставниците на откупните претпријатија порачале да не се создава непотребна паника кај тутунопроизводителите и дека проценката на класите ќе се врши реално.
                          Но, евидентно тоа не е така!

Би можело да ве интересира

Прв ден откуп во Комбинатот и во поголемите компании

Гордана Цветаноска

Јакимовска: Во услови на скапа струја бараме инсталирање сопствени панели на сончева енергија

Македонците имаат најниска просечна плата од останатите од регионот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе